Актер се ожени со кукла! Јури направи вистинска венчавка, и подари прстен, паднаа и првите бакнежи (ФОТО+ВИДЕО)
Бодибилдерот ја запроси Марго на крајот на минатата година и требаше да се венчаат во март, но тие ја одложија венчавката поради пандемијата на ковид-19.
Актерот и бодибилдер Јури Толочко се ожени со Марго, секс кукла во природна големина.
Тој ја објави добрата вест на Инстаграм и објави видео од церемонијата. Судејќи според снимките, свадбата не се разликуваше од вообичаените.
View this post on Instagram
Толочко стави прстен на раката на својата „жена“, „падна“ и бакнеж и тие го имаа првиот танц.
View this post on Instagram
Бодибилдерот ја запроси Марго на крајот на минатата година и требаше да се венчаат во март, но тие ја одложија венчавката поради пандемијата на ковид-19.
Тие се во врска веќе една година, откако тој ја спаси од друг маж во кафуле со, како што вели, помалку искрени намери.
View this post on Instagram
Нивните споделени фотографии често ги објавува на социјалните мрежи. Јури покажува како ја храни својата избрана, спие со неа, вежба …
Заедно одат на гостувања во многу емисии, се шетаат, ја носи на вечери … Иако за многумина оваа врска е неприродна, Јури ужива со необичната сопруга.