АКО ВЕЌЕ МОРА, ПРАТЕТЕ ГО ВО МОСКВА Таравари бара да се повлече указот за Фрчкоски за амбасадор во Њујорк

Како идеолог на СДСМ и поранешен министер за полиција ги користеше истите методи на прислушување како експремиерот Никола Груевски и беше сценарист на масакрот на Бит Пазар, аферата со оружје и многу други епизоди на газење на Албанците, за кои никогаш не е одговорено, оцени генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбан Таравари.

1,405

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, денеска на прес-конференција во Гостивар, се осврна на именувањето на Љубомир Фрчкоски за амбасадор наМакедонија во ОН во Њујорк и побара од претседателот државата Стево Педаровски да го повлече указот.

– Овој указ низ мрак на претседателот Стево Пендаровски е невиден дипломатски скандал и навреда за повеќето граѓани, од повеќе причини. Првата се однесува на политичкиот ангажман и длабоко антиалбанскиот пристап на Фрчкоски. Како идеолог на СДСМ и поранешен министер за полиција ги користеше истите методи на прислушување како експремиерот Никола Груевски и беше сценарист на масакрот на Бит Пазар, аферата со оружје и многу други епизоди на газење на Албанците, за кои никогаш не е одговорено – оцени Таравари на прес-конференцијата во седиштето на огранокот на АА.






Според него, Фрчкоски е албанофоб и непожелен во САД.

– Затоа го повикуваме претседателот Пендаровски, ако по секоја цена сакаат да го направат Фрчкоски амбасадор, единственото место каде што овој поединец би бил прифатлив е Путиновата Москва, но во никој случај престолнините на нашите западни сојузници – рече Таравари.

Поврзани содржини