АКО ТОА ПРОДОЛЖИ, ИЗЛЕГУВАМЕ Максо реагира на албанското знаменце на средбата со министрите од Вреди
Ова е само тој ДУИ-наратив кој што продолжува во континуитет. Ако продолжи таквиот однос и непочитување нема да бидеме дел од Владата и ќе излеземе, рече Максим Димитриевски во гостување на Канал 5.
Лидерот на движењето ЗНАМ Максим Димитриевски реагира на првата координативна средба на министрите од Вреди во кабинетот на вицепремиерот Изет Меџити, која беше објавена со соопштение и со фотографии.
– Ова е само тој ДУИ-наратив кој што продолжува во континуитет. Ако продолжи таквиот однос и непочитување нема да бидеме дел од Владата и ќе излеземе – рече Димитриевски во гостување на Канал 5.
На фотографиите се гледа дека се поставени три знаменца – македонското, албанското и знамето на ЕУ.
Нешто што не е невообичаено и во минатото кога станува збор за кабинети на министри Aлбанци.
ЗНАМ во владејачкото мнозинство во Собранието на Македонија има шест пратеници, а во Владата двајца министри.