АКО СЕ ПЕЕ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА ВО УЧИЛИШТАТА, ЌЕ СЕ ПЕЕ И АЛБАНСКАТА Касами вели дека мора да се почитува мнозинството граѓани во Тетово

Во овој случај, ако се донесе законска одлука за интонирање на државната химна, сигурно оти ќе мора да се почитува и мнозинството граѓани, кои се од албанска етничка припадност, ќе мора да се пее и албанската химна, изјави градоначалникот на Тетово.

1,407

Градоначалникот на општина Тетово Билали Касами истакна дека, ако се пее македонската химна во училиштата, мора да се почитува албанското мнозинство и да се пее и албанската химна, објави ТВ 21.

– Тоа е политичко прашање. Како градоначалник можам да кажам дека ќе ги почитуваме законите и Уставот, но во исто време мора да ја почитуваме и различноста. Во овој случај, ако се донесе законска одлука за интонирање на државната химна, сигурно оти ќе мора да се почитува и мнозинството граѓани, кои се од албанска етничка припадност, ќе мора да се пее и албанската химна – рече Касами.






Во некои скопски општини, како во Аеродром, учениците во основните училишта секој понеделник пред почетокот на наставата слушаат интонирање на химната.

Поврзани содржини