ЈАКИМОВСКИ СЕ ОБРАТИ ОД ПРЕД МАКЕДОНИУМОТ Поголем дигнитет и почит за Македонија и за граѓаните

239

Јакнење на улогата на Македонија во НАТО и во ЕУ и повеќе почит за Македонија и за нејзините граѓани, изјави денеска пред Македониумот во Крушево кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски.

– Она што мора да ѝ го соопштиме на Европската Унија е дека ние сме подготвени да чекаме пред вратата на Европската Унија до 2030 година, а потоа не сме подготвени. До каде сме стигнале, толку е, а натаму ќе си бараме решенија за сите проблеми на нашите сограѓани, особено за економските проблеми што ги има Република Македонија – изјави Јакимовски.






Претседателскиот кандидат лидер на партијата ГРОМ ја осудува изјавата на кандидатот Максим Димитриевски дадена пред Македониумот во Крушево за промена на Уставот и вметнување на Бугарите во највисокиот законски акт во државата.

– Со изјавата за вметнување на Бугарите во Уставот со дејство кое ќе биде одложено, Максим Димитриевски влегува од скриена во отворена коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истиот став што го има ВМРО-ДПМНЕ. Чудно е што таа изјава Димитриевски ја дава од пред Македониумот во Крушево, од најсветото македонско место за да нѐ понижи нас, Македонците. Таква изјава се дава во Софија, каде ќе го почестат. Јас и мојата партија ГРОМ не сме подготвени да ги предадеме Република Македонија и овие граѓани, без разлика дали ќе дојдеме на власт или не – рече претседатерлскиот кандидат Стевче Јакимовски во Крушево.

Поврзани содржини