Ахмети за ТВ21: Списокот со министри од ДУИ останува ист

772

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во изјава за ТВ21 вели дека предлог-составот на министрите на ДУИ останува ист и непроменет. Ахмети објасни дека нема нови имиња од неговата партија и покрај неколкуте барања кои ги имаше внатрешоста на партијата.

Заев за ТВ21 денеска, пак, изјави дека предлог-програмата и составот на нова влада ќе ги поднесе до Собранието откако истото ќе одлучи за своите заменик потпретседатели.

Во меѓувреме, собранискиот спикер Талат Џафери за утре во 11 часот закажа седница на која треба да бидат избрани потпретседателите на Собранието. Во последниот парламентарен состав, законодавниот дом имаше три потпретседатели.

Поврзани содржини