АХМЕТИ ПРИЗНА ПОРАЗ, КАСАМИ БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Беса слави победа, ДУИ се жали на слабата излезност

Со зурли, тапани и огномет синоќа во Тетово, Беса славеше победа на изборите за Советот. Голем број граѓани беа собрани на плоштадот каде дојде и лидерот на партијата и градоначалник на Тетово.

582

Лидерот на Движењето Беса и градоначалник на општина Тетово, Билал Касами, побара предвремени парламентарни избори на прес-конференцијата по објавувањето на победата во изборите за Советот на општина Тетово.

Касами рече дека легитимитетот на Албанците во Северна Македонија е во Тетово и дека треба да се смени власта и на централно ниво.






– За краток период двапати ја добивме ДУИ, секако дека легитимитетот на Албанците во Северна Македонија, кој потекнува од тука, покажува дека веќе не е кај ДУИ. Ние од плоштадот во Тетово бараме предвремени избори за да се задоволи волјата на Албанците од Струга до Куманово во земјава и евентуално Албанците во Северна Македонија да имаат достоен претставник во централната власт. Бараме што поскоро предвремени избори – рече Касами.

Со зурли, тапани и огномет синоќа во Тетово, Беса славеше победа на изборите за Советот. Голем број граѓани беа собрани на плоштадот каде дојде и лидерот на партијата и градоначалник на Тетово.

– Тоа е демократијата, треба да се почитува – изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети по прогласувањето на резултатите и додаде дека излезноста на изборите во Тетово била ниска, што е причина за епилогот од гласањето.

Тој оцени дека изборите се одржуваат во непогодно време, но за тоа причината е во неискусното раководење со општината во изминатиот период по ланските избори.

Поврзани содржини