Ахмети: Обвиненијата за водачите на ОВК се измислици и невистини

Тоа е процес, според моја проценка, прилично тежок бидејќи процесот долго се подготвуваше, нашите непријатели вложија многу во оваа насока и секако на Србија и треба изговор, но и треба и триумф пред нејзините граѓани.

1,802

Бевме свесни дека може да се случат такви ситуации, ние бевме морално подготвени и многу сум сигурен дека сите другари, исто како што оние што порано се соочија со правдата се покажаа како чисти, во конкретниот случај јас сум многу сигурен дека ќе останат со чист образ, вели лидерот на ДУИ Али Ахмети во емисијата „Дебата“ на Радио Телевизија Косово, за обвиненијата за воени злосторства за поранешните офицери на ОВК  Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, кои се обвинети пред судот во Хаг за најмалку 98 убиства.

– Во оваа ситуација треба да бидеме многу повеќе мобилизирани, многу поорганизирани. Јас проценувам дека почетокот на овој процес е познат, но крајот не е познат. Тоа е процес, според моја проценка, прилично тежок бидејќи процесот долго се подготвуваше, нашите непријатели вложија многу во оваа насока и секако на Србија и треба изговор, но и треба и триумф пред нејзините граѓани. Дури и пред меѓународната заедница со цел да ги оправда масакрите и геноцидот што го извршија врз Албанците, но и за сите оние масакри што ги изврши Србија во поранешна Југославија, како и да го оправда својот слоган дека „Косово е лулката на Србија“  – рече Ахмети.






Според него, обвинението се заснова на брошури кои се дистрибуирани почнувајќи од извештајот на Дик Марти и многу документи кои ги дистрибуирала Србија за како што вели, наводните злосторства на Ослободителната војска на Косово.

– Тука има невистини, местења, клевети и секако ова бара голема посветеност, да се негираат сите овие невистини што беа изговорени, или за овој случај или за Ослободителната војска на Косово. Колку и да даваме силни изјави, ние нема да му помогнеме на овој процес. Сега е време кога државата Косово треба да се мобилизира и да излезе во поддршка, а не со соопштенија за јавноста, бидејќи овој процес има висока цена, во овој процес се ангажирани најпознати адвокати – вели Ахмети.

Поврзани содржини