АХМЕТИ МУ ГО ЧУВА ГРБОТ НА БРАТОТ РАМА Лидерот на ДУИ испрати честитка полна со емоции

Еди, продолжи го патот кон интеграцијата, бидејќи му е потребна на регионот. Ме имаш мене зад тебе да ти го отворам патот и да ти го чувам грб, му порача Али Ахмети на албанскиот премиер Еди Рама.

216

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, преку објава на Фејсбук му ја честиташе победата на премиерот на Албанија Еди Рама на изборите во оваа држава, одржани на 11 мај, со порака дека „братски го прегрнува“, оти ќе му го „чува грбот“ и дека ќе му го „отвора патот“ на кон евроиднината?!

Честитката на Ахмети до Рама ја пренесе весникот на албански јазик „Лајм“.






Покрај другото, Ахмети во честитката му порачува на Рама:

„Еди, продолжи го патот кон интеграцијата, бидејќи му е потребна на регионот. Ме имаш мене зад тебе да ти го отворам патот и да ти го чувам грбот. Вие бевте покрај нас на секој чекор, дури и кога го направивме албанскиот како службен јазик, па и кога се согласивме за Коридорот 8 од Скопско до Тирана, што го прифативте без никакво двоумење, исто така и кога ја отстранивме границата меѓу нас, потоа за унифицираната азбука, и за сè друго за заедничкото добро и во функција на европската иднина“.

Поврзани содржини