Собранискиот спикер Талат Џафери се пријави за збор процедурално откако пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска, го нарече „предавник“ пратеникот од мнозинството, Зекир Рамчиловиќ.
– Редно е некој да реагира процедурално, ама еве јас ќе реагирам. Далеку ќе одиме вака „енглески“. Како поискусен, можеби по мандати, сметам дека сум еден од најискусните пратеници, мислам дека со време ќе ви помине и оваа фаза на вокабулар. Затоа очекував некој да укаже, но не треба, бидејќи јас ќе реагирам процедурално – реагираше Џафери.
Инаку, тој го искористи терминот „енглески“ откако претходно на расправата пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, удираше со раката на говорницата, а пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, пак, рече дека такво однесување има и во Собранието на Велика Британија.