ЕКС-ОБВИНИТЕЛОТ ДИМОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА „Ни следува ново вето, ова со Бугарија е гола вода!“
ТТоа е гола вода наспроти блокадата која (со полно право!) ќе следи од Холандија, а која ќе базира на руината од правосуден систем која овде се негува, пишува Димоски.
Поранешниот обвинител Војо Димоски на Фејсбук предупреди дека на Македонија можеби ѝ се заканува ново вето од Холандија поради „урнисаното судство“ додека бугарското вето е „гола вода“ во споредба со тоа.
„Непотребно ширите паника дека ќе ни се затворела вратата во ЕУ ако не прифатиме промена на уставот под диктат на Бугарија. Тоа е гола вода наспроти блокадата која (со полно право!) ќе следи од Холандија, а која ќе базира на руината од правосуден систем која овде се негува. Не заборавивте белким на урнисаното и подјармено Обвинителство, изгубениот во Вселената персонал на судскиот и обвинителскиот совет, деградираниот Уставен суд… Ова бачило, вакво сирење дават!“, порача тој.