АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ГО ПРИФАЌААТ ДОГОВОРОТ ЗА ПЛАТИТЕ СО ВЛАДАТА Вкупно 95% од синдикатите го оцениле договорот за поволен

Изјаснувањето уште трае, а по изјаснување на сите синдикални организации, Синдикатот на УПОЗ во текот на наредната недела, ќе оствари работна средба со претставниците на Владата на која ќе биде договорен опфатот и теркот на колективниот договор.

748

Деведесет и пет проценти од членките на Синдикатот на УПОЗ се изјасниле дека договорот со Владата за зголемување на платите за 40% за период од 3 години, е прифатлив.

„Од досега пристигнати изјаснувања, 95% од синдикалните организации се изјаснија дека барањето на Синдикатот на УПОЗ кое е прифатено од страната Владата за зголемување на платите е поповолно и прифатливо“, информира УПОЗ.






Оттаму додаваат дека изјаснувањето уште трае, а по изјаснување на сите синдикални организации, Синдикатот на УПОЗ во текот на наредната недела, ќе оствари работна средба со претставниците на Владата на која ќе биде договорен опфатот и теркот на колективниот договор.

Владата и УПОЗ вчера договорија покрај усогласувањето на платите во администрацијата со минималната плата, платите на административците да пораснат за 8% во период од три години. Првата рата ќе се исплати во март.

Поврзани содржини