АБДУШ ДЕМИРИ ПРЕДЛОЖЕН ЗА НОВ ЧЛЕН НА ДИК Џафери да престане со саботажите, порачува Европски сојуз за промени
Движењето побара поддршка од меѓународните сојузници, особено од мисијата на ОБСЕ-ОДИХР, Мисијата на ЕУ во Скопје, како и од Амбасадата на САД, да преземат мерки за гарантирање фер и демократски избори.
Движењето Европски сојуз за промени писмено го извести претседателот на Собранието Талат Џафери дека негов предлог за член на Државната изборна комисија е Абдуш Демири.
„Претседателот на Собранието Талат Џафери, наместо да достави писмо само до нас, значи на албанските опозициски партии, според одредбите на член 2, став 9 и 10 од Изборниот законик, тој писмото за предлагање кандидати го доставил и до две други партии, кои се формирани неодамна“ – велат од Европски сојуз за промени. Затоа тие доставиле уште едно писмо до претседателот на Собранието, во кое го потсетиле дека единствени опозициски партии, според дефиницијата на член 2, став 10, од Изборниот законик, се само Алтернатива и Движење Беса, како партии кои се произлезени од последните парламентарни избори.
Движењето побара поддршка од меѓународните сојузници, особено од мисијата на ОБСЕ-ОДИХР, Мисијата на ЕУ во Скопје, како и од Амбасадата на САД, да преземат мерки за гарантирање фер и демократски избори.
„Ако саботажата продолжи и овој член на ДИК му се даде на некоја партија-сателит, што неодамна е формирана од ДУИ, или преку овој избор се создава саботажа, така да местото на нашиот член да остане празно, тогаш подобро нека ѝ се забрани целосно на опозицијата да учествува на изборите“ – велат од Европски сојуз за промени.