А1 Македонија или Македонски Телеком кој е подобар во Тетово и Илинден?

АЕК објави резултати од мерење на квалитетот на мобилните мрежи на А1 и Македонски Телеком во Тетово и Илинден

1,780

Телекомуникациските оператори А1 Македонија  и Македонски Телеком обезбедуваат приближно ист квалитет на безични услуга во општините Тетово и Илинден, покажуваат мерењата што ги направи Агенцијата за елекронски комуникации,

Извештајот за Тетово покажува дека, независно од технологијата, телекомуникациските оператори обезбедиле приближно ист квалитет на говор и време за воспоставување повик далеку пониско од 7 секунди.






„Oператорот А1 обезбедува 100% покриеност со сигнал, а Македонски Телеком 99,85%. И кај двата оператори не се забележани прекинати повици, додека А1 нема неуспешни повици, а кај МТ се измерени 0,8%, стои во Извештајот на АЕК.

Во поглед на брзината на пренос на податоци, во Тетово за симнување фајл со големина од 10GB операторот А1 Македонија обезбедува брзина за пренос на податоци од 100.929 Mbps, додека кај Македонски Телеком била измерена брзината од 76.002 Mbps.

„На подрачјето на Општина Илинден и двата оператори имале 100% достапност, операторот А1 немал неуспешни и прекинати повици, додека кај Македонски Телеком биле измерени 1,1% неуспешни и 2,2% прекинати повици. Задолжителната целна вредност дефинирана од АЕК и за двата параметри била помалку од 2%“, стои во извештајот.

На ова подрачје Македонски Телеком обезбедува помала брзина на пренос на податоци од задолжителната целна вредност дефинирана од АЕК која е утврдена да мора да биде поголема од 55.000Mbps. Брзината со која корисниците на мобилен интернет на Македонски Телеком можат да симнат фајл од 10 GB на подрачјето на Општина Илинден изнесува само 31.039 Mbps. Кај операторот А1 измерената брзина на пренос била 82.530 Mbps.

 

Поврзани содржини