ЈА УДРИЛ СО ТРОТИНЕТ И ПОБЕГНАЛ Тешко повредена жена во Тетово

Според информациите од СВР Тетово, повредената е Е.М. од селото Добарце, тетовско, а по несреќата била пренесена во Клиничката болница во Тетово, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

492

Жена на возраст од 53 години била тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила на 3 јуни околу 14 часот на крстосницата меѓу улицата 121 и булеварот Видое Смилевски Бато во Тетово, кога во неа удрил електричен тротинет, по што возачот го напуштил местото на настанот.

Според информациите од СВР Тетово, повредената е Е.М. од селото Добарце, тетовско, а по несреќата била пренесена во Клиничката болница во Тетово, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.






На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Тетово, а полицијата работи на пронаоѓање на возачот на електричниот тротинет кој избегал по несреќата.

Поврзани содржини