ЈА УДРИЛ СО АВТОМОБИЛ, ПА ПОБЕГНАЛ Скопјанка завршила во болница со тешки повреди
На 22 декември 2024 година било пријавено дека на крстосница од ул. Македонско- косовска бригада и ул. Св. Прохор Пчински во Скопје, патничко возило „цитроен“, управувано од 31-годишниот Б.К., удрило во 45-годишната З.П., и го напуштило местото. Сторителот е пронајден.
Во неделата возач во Скопје со автомобил удрил во пешак а потоа побегнал. Пешакот завршил во болница со тешки телесни повреди.
„На 22 декември 2024 година, во 09.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосница од ул. Македонско- косовска бригада и ул. Св. Прохор Пчински во Скопје, патничко возило ‘цитроен’ со скопски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Б.К., удрило во 45-годишната З.П., двајцата од Скопје, и го напуштило местото“, соопшти Министерството за внатреши работи.
По преземени мерки, Б.К. бил пронајден.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.