ЈА УДРИЛA И Ѝ ГО УНИШТИЛА ТЕЛЕФОНОТ Скопјанка нападнала вработена во здравствена установа во Шуто Оризари

Инцидентот бил пријавен во СВР Скопје во 12:45 часот, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок против скопјанката М.С. (32).

352

45-годишната В.С. била физички нападната на своето работно место во здравствена установа на подрачјето на Шуто Оризари. Според пријавата, скопјанката М.С. (32) од Скопје, го оштетила и нејзиниот мобилен телефон.

Инцидентот бил пријавен во СВР Скопје во 12:45 часот, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок против напаѓачот.






Полицијата продолжува со истрагата и презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини