ЈА УДРИЛ, ЈА ОДНЕЛ ВО БОЛНИЦА И ПОБЕГНАЛ 79-годишна скопјанка заработила тешки повреди
По несреќата, возачот ја пренел М.С. во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, по што заминал.
Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булевар Партизански Одреди со булевар 8 Септември, патничко моторно возило удрило во пешакот М.С.(79) од Скопје.
По несреќата, возачот ја пренел М.С. во Градската општа болница „8 Септември“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, по што заминал.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.