ЈА СРУШИ СТРАНИЦАТА ЗА ПРОДАЖБА Невидена побарувачка за билетите за турнејата на Тејлор Свифт
Веб-страницата Ticketmaster, поради големата побарувачка, била блокирана, а во моментите кога работела, редиците на чекање на интернет за купување билети биле огромни.
Откако во вторникот во продажба беа пуштени билетите за концертите на Тејлор Свифт во склоп на нејзината прва турнеја по пет години, платформата Ticketmaster на Live Nation, преку која обожавателите имаа можност да купат билети, се урна и предизвика фрустрација кај нив.
Веб-страницата Ticketmaster, поради големата побарувачка, била блокирана, а во моментите кога работела, редиците на чекање на интернет за купување билети биле огромни.
— Ticketmaster (@Ticketmaster) November 15, 2022
Многумина ги збесна и тоа што набрзо препродавачите на билети почнале да ги нудат и по цени до 22.000 долари.
Подоцна, Ticketmaster твитна дека имало „историски невидена побарувачка“ од милиони луѓе за турнејата на Свифт, „The Eras“, нејзина прва од 2018 година. Продажбата на билети за концертите на Западниот Брег беше одложена за три часа.
Откриле и дека милиони луѓе се обиделе да купат билети однапред, кои чинат меѓу 49 и 449 долари.