АЈРО, АЈРО, ВИКАШЕ ЗАЕВ НА ЦЕЛ ГЛАС ВО 2017 ГОДИНА И НЕ НАПРАВИ НИШТО ЗА ВОЗДУХОТ Со кое лице Шукова говори за Вардариште, прашува Манасиевски

Кога Шукова не успеа да го реши Вардариште за над 20 години работа во ресорното министерство, дополнително како државен секретар и како министер, па со кое лице повторно излегува пред граѓаните и ветува дека сега за 3 месеци ќе го среди овој проблем, праша Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

759

Ајродром, ајро, ајро викаше Зоран Заев на цел глас во 2017 година и ветуваше чист воздух во Аеродром, додека Каја Шукова му беше задолжена за воздухот, рече денеска Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ, Заев и Шукова уште пред 7 години ветуваа почист воздух и почиста животна средина во Аеродром. Поранешната министерка за животна средина и поранешна државна секретарка во истоименото министерство, Каја Шукова, која сега е кандидат за градоначалник од редовите на СДС за Град Скопје, повторно ветува средување на Вардариште и почист воздух за граѓаните. Прашуваме со кое лице Шукова излегува повторно пред граѓаните и говори за Вардариште, кога таа изминативе 7 години беше државен секретар и министерка во Министерството за животна средина, а притоа таму работи над 20 години. Со ова, Шукова е директно виновна за случајот со Вардариште – рече Манасиевски.






Кога Шукова не успеа за над 20 години работа во ресорното министерство, дополнително како државен секретар и министер, да го реши Вардариште, со кое лице повторно излегува пред граѓаните и ветува дека дури сега за 3 месеци ќе го среди овој проблем, праша тој.

Манасиевски потсети и дека во време на СДСМ, локалната и централната власт ги тргнаа чуварските служби од Вардариште и од Дрисла.

– СДСМ со Филипче, Заев и Шукова беа 7 години власт. Што  направија за 7 години власт во делот на животната средина? Ништо. Затоа граѓаните заслужуваат подобра животна средина и почист воздух, која ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски заедно ќе ја исполнат – рече Манасиевски.

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова денеска го обвини ВМРО-ДПМНЕ дек нема решение за депониите Вардариште и Дрисла.

– По Вардариште, пожарот на Дрисла ги докрајчи жителите на Скопје. Ова е најдобар доказ за неодговорното и неспособно управување на ВМРО-ДПМНЕ со градот. Четири години немаат никакво системско решение за управување со отпадот, додека ризикот по здравјето на скопјани расте секој ден. Наместо конкретни мерки, добивме само популизам и празни ветувања. Орце Ѓорѓиевски веќе со денови се крие и одбегнува соочување со граѓаните. Дали навистина мисли дека може да управува со Скопје со нереални ветувања? Проекти како „парк на Вардариште“ се класичен пример за краткорочен популизам, кој не допира до суштината на проблемот – рече Шукова.

Таа вели дека СДСМ има конкретно и одржливо решение за Вардариште  со итно оградување и заштита на просторот, со контролиран пристап и со 24-часовно физичко обезбедување за спречување пожари и вандализам.

Поврзани содржини