ЈА ПРОБИЈА ЗАШТИТНАТА ОГРАДА Пукотници пред Собранието, пристигна амбулантно возило

Има и повредени полицајци на кои им помагаат нивни колеги и ги извлекуваат од линијата каде стои кордонот. Дојде и амбулантно возило кое однесе во болница потешко повреден полицаец.

1,380

Дел од топлата народ собрана пред Собранието на протестот против францускиот предлог, ја проби заштитната ограда.

Демонстрантите фрлаат со јајца, шишиња и со камења кон зградата на Собранието и кон полицајците кои ја обезбедуваат. Скршени се и прозорци од Парламентот.






Кордонот на полицијата од пред собраниската зграда се помести кон улицата, затоа што ескалираше револтот на демонстранти со качулки кои упатувааат пцовки и погрдни зборови кон специјалците и фрлаат димни бомби.

Има и повредени полицајци на кои им помагаат нивни колеги и ги извлекуваат од линијата каде стои кордонот. Дојде и амбулантно возило кое однесе во болница потешко повреден полицаец.

Зад Парламентот има голем специјалци, водени топови и оклопни возила.

Актерката Весна Петрушевска и пејачката Ребека Јанковска-Ристески на денешниот протест „Ултиматум – НЕ благодарам“ се обратија пред илјадниците сорани демонстранти и се обратија кој власта: „Предавници, ја донесовте државата во ситуација на потчинетост, тоа не е европска вредност, оставка веднаш“.

 

фото: МИА

Поврзани содржини