„ЈА ПЛУКНА В ЛИЦЕ, А ТЕБЕ НЕ ТЕ РАЗБИРАМЕ“ Обожавателите бесни на Џенифер Лопез

Поминаа неколку дена откако Бен Афлек даде срамно интервју во кое буквално ја „исплука“ својата поранешна сопруга.

984

Џенифер Лопез го поддржа Бен Афлек откако се крена бура поради неговите зборови за неговата поранешна сопруга, но се чини дека тоа не им се допадна на нејзините обожаватели.

Иако поминаа неколку дена откако Бен Афлек даде срамно интервју во кое буквално ја „исплука“ својата поранешна сопруга обвинувајќи ја дека таа е една од причините поради која бил зависен од алкохол, бурата на мрежите не се смирува. Напротив.






Неговиот обид за извинување беше дочекан „на нож“, а луѓето најмногу коментираа колку е срамно што на таков начин зборувал за мајката на неговите деца која за него била покрај него, дури и по разводот.

Во прилог на тврдењата се појавија фотографии настанати неколку години откако ставија крај на бракот, каде на рехабилитација го вози токму неговата поранешна сопруга, актерката Џенифер Гарнер.

Да потсетиме, Афлек во емисијата на Хауард Стерн изјави дека бил несреќен во бракот со Џенифер Гарнер.

„Дефинитивно сѐ уште би пиел доколку останев во брак. Таа е една од причините зошто и почнав да пијам… затоа што се чувствував заробен“, изјави Афлек.

„Бевме во брак кој пропадна, тоа се случува. Ја сакам и почитувам, но не сакав да останам во брак. Се обидувавме одново и одново, најмногу за децата “, рече актерот, додавајќи“, си помислив – не можам да го оставам сето ова за децата, но не сум среќен, што да правам? И тогаш. Би испил цело шише виски и би заспал на каучот“.

Потоа се правдаше дека „никогаш не може да каже ниту еден грд збор за мајката на неговите деца“ и ги обвини медиумите дека ги искривуваат неговите зборови, иако коментарите за тоа што го кажа почнаа додека се уште траеше емисијата.

Затоа и не чуд што сите со нетрпение ја очекуваа реакцијата на Џенифер Лопез по целата помпа, а во медиумите се појави информација дека латино дивата многу му се налутила на Бен. Меѓутоа, тоа се покажало како невистинито, а обожавателите не биле воопшто воодушевени од мислењето и изјавата на Џеј Ло.

Пејачката за „Пипл“ изјави дека таа воопшто не му се налутила на Бен и дека тие написи се лага.

„Исклучително го почитувам Бен како татко, родител и личност, таа приказна воопшто не е вистинита. Не му се лутам“, изјавила Џеј Ло.

Не им требаше долго време на обожавателите да ги осудат и нејзините зборови. Сите се согласуваат дека подобро била Џеј Ло да молчи и да не го брани своето старо-ново момче.

„Не знаеме што се случувало зад затворени врати и дали навистина му забележила на тие зборови, но подобро да молчела отколку што рекла дека го поддржува“, „Ја плукна во лице неа, а тебе пак, воопшто не те разбирам. Зарем немаш желба како жена да кажеш нешто повеќе, дури и да го одбраниш на друг начин?“, „Срамота. Не го очекував ова од Џеј Ло“, „Бен со ова докажа дека не ја почитува мајката на своите деца. Види, Џеј Ло, со каков маж си…“ се само дел од коментарите што може да се прочитаат на социјалните мрежи.

Џенифер Лопез не ги коментираше дополнително критиките и коментарите, но секако не пропушта можност да му покаже на светот колку таа и Бен се вљубени.

 

Поврзани содржини