АЈКУЛА ЗАГРИЗА АЛИГАТОР, ПА БЕШЕ ОДБИЕНА Така прават големите предатори (ВИДЕО)

Во некои од видеата, понекогаш и самите набљудувачи и посетители сакаат да ги охрабрат ајкулите и алигаторите да се судрат со фрлање месо врз нив, што многумина го осудуваат.

601

Не е првпат ајкулите и алигаторите да се судираат, па и да се загризуваат, а најчести вакви случаи се во морето околу Флорида во САД, покажуваат бројни снимки на социјалните мрежи. Овојпат, сè се случило во Калифорнија, на островот Хилтон Хед кога алигатор бил хранет од случајните набљудувачи и туристи, а храната ја намирисала ајкулата – и загризала, пишува Србија Данас.






Луѓето фрлале риба во водата за да го нахранат алигаторот, но наскоро се појавила ајкула која му пријде и го нападнала. Видеото покажува како алигаторот успева да ја одбие ајкулата од себе.

– Бев изненаден кога го видов ова, па го снимив на телефон за да им го покажам на семејството и пријателите – рече Кори Конлон, кој бил на одмор.

Во некои од видеата, понекогаш и самите набљудувачи и посетители сакаат да ги охрабрат ајкулите и алигаторите да се судрат со фрлање месо врз нив, што многумина го осудуваат.

Поврзани содржини