ЈА ЧЕКАМЕ „ВИСТИНСКАТА ИСТРАГА ЗА ПЕНДИКОВ“ Бугарскиот амбасадор смета дека ставот на обвинителството во Охрид „еволуирал“

Гледам дека обвинителството (во Македонија) еволуирало и сега се вели дека мотивите на делото сè уште се нејасни. Ја чекаме вистинската истрага од обвинителството и потоа го чекаме судот, изјави Ангелов.

953

Бугарскиот амбасадор во заминување во земјава, Ангел Ангелов за БНТ вели дека приказната за тепањето на Христијан Пендиков добила форма на разни шпекулации – од тоа дека Христијан бил наркодилер, дека било тепачка меѓу дилери, „а во исто време тој си заминал од РСМ со својот странски пасош“.  Ангелов изјави дека Софија ја чека „вистинската истрага на обвинителството“ во Македонија.

        –   Гледам дека обвинителството (во Охрид) еволуирало и сега се вели дека мотивите на делото сè уште се нејасни. Ја чекаме вистинската истрага од обвинителството и потоа го чекаме судот -изјави Ангелов и додаде дека Пендиков аплицирал за бугарски пасош кон крајот на декември каде приложил документ за неосудуваност.






           Затоа велам дека се страшни тие шпекулации и ние треба да го расчистиме тоа. За нас, нападот се случил поради омраза, како што и соопшти обвинителството од Охрид – рече Ангелов.

На прашањето – дали ќе се смират страстите ако се сменат имињата на бугарските клубови, бугарскиот амбасадор во земјава рече дека тие клубови не ги отвориле тие како држава.

       –  Нив ги отворија Бугарите од Охрид и тие си го избрале тоа име и тоа е нивна волја како ќе постапат – рече Ангелов.

Амбасадорот предупреди и дека ако во Македонија има список за забрана на влез на бугарски политичари на 4 февруари, тогаш бугарските институции во најмала рака ќе зборуваат јавно за тоа и „ќе ги преземат неопходните дејствија“.

Поврзани содржини