МАЛОЛЕТНИК КРИЕЛ СНАЈПЕР, БОМБИ И НАД 100 КИЛОГРАМИ ДРОГА ВО МОТЕЛ ВО БЕЛГРАД Го упаси полицијата на Нови Сад

При претресот на апартманот во мотелот, полицијата пронашла околу 100 килограми супстанца слична на марихуана, 3,5 килограми супстанца слична на кокаин и 4 килограми супстанца слична на хероин, објави српската полиција.

2

Српската полиција вчера уапси 17-годишник во Белград, откако во мотелот што го користел пронајде снајперска пушка со пригушувач, 5 рачни гранати и повеќе од 107 килограми материја за која се сомнева дека е дрога.

Малолетникот од областа Петровац на Млави бил уапсен од припадници на полицијата во Нови Сад во соработка со Вишото јавно обвинителство во Пожаревац, објави српското Министерство за внатрешни работи.






При претресот на апартманот во мотелот, полицијата пронашла околу 100 килограми супстанца слична на марихуана, 3,5 килограми супстанца слична на кокаин и 4 килограми супстанца слична на хероин, објави српската полиција. Запленети се и две дигитални ваги и 5 куршуми за пронајдената снајперска пушка.

Малолетникот е осомничен за неовластено производство и трговија со дрога и нелегално производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи.

По апсењето, тој е изведен пред судијата за малолетници на Високиот суд во Пожаревац.

Поврзани содржини