МАЈКА ЈА НАПАДНАЛА ЌЕРКАТА И Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛА СО НОЖ Приведена 47-годишна жена во Драчево

47-годишната жена физички ја нападнала 19-годишната девојка во семејниот дом, а потоа ѝ се заканувала со остар предмет. МВР најави соодветен поднесок по документирањето на случајот.

0

Четириесет и седумгодишна скопјанка е приведена по пријава дека физички ја нападнала својата 19-годишна ќерка и ѝ се заканувала со остар предмет во семејниот дом во Драчево.

Инцидентот бил пријавен во полицијата вчера во 14:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Е.Д. (47).






Според пријавата, жената ја нападнала ќерката во нивниот дом, а потоа ѝ упатувала закани со остар предмет.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот се документира и дека по целосното расчистување ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани содржини