ЗАБРАНА ОД 30 ДЕНА ЗА ОДОБРУВАЊЕ КРЕДИТИ ЗА ДВЕ ДРУШТВА ЗА БРЗИ КРЕДИТИ За две години се одземени 4 дозволи за работа на финансиски друштва изречени

Министерството за финансии ги охрабрува сите граѓани коишто сметаат дека се оштетени или имаат сознанија за неправилности во работењето на финансиските друштва да поднесат пријава до Министерството за финансии

0

Министерството за финансии спроведе вонреден надзор над работењето на финансиските друштва и изрече привремена забрана за одобрување кредити во времетраење од 30 дена и глоба на две финансиски друштва.

Министерството соопшти дека вонредниот надзор бил спроведен во последните три месеци постапувајќи по пријави од граѓани и согласно Законот за финансиските друштва и подзаконските акти.






При тоа, секоја претставка или пријава доставена до Министерството за финансии се разгледува во рамките на неговите законски надлежности и во зависност од содржината и наводите, се преземаат соодветни активности.

Министерството за финансии ги охрабрува сите граѓани коишто сметаат дека се оштетени или имаат сознанија за неправилности во работењето на финансиските друштва да поднесат пријава до Министерството за финансии преку архивата и на електронската адреса: [email protected].

Министерството за финансии од јули 2024 година  има изречено мерка за одземање четири дозволи за работа на финансиски друштва, привремено затворање на три финансиски друштва, глоби на 18 финансиски друштва во вкупен износ од 3.040.323 денари или околу 49.400 евра, како и 58 писмени наредби со рокови за отстранување на утврдените неправилности.

Поврзани содржини