ВО ЉУБОВНАТА АФЕРА НА ШЕФОТ НА ЕНВИДИЈА ИЗГОРЕ СИНГАПУРСКА ФИРМА „Мегаспид“ се најде на американската црната листа
Во документ поднесен до Федералниот регистар, Министерството за трговија укажа на „значителен ризик“ дека овие компании се вклучени, или би можеле да се вклучат, во пренасочување на напредни компјутерски производи кон неовластени крајни корисници или за неовластени намени.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја стави сингапурската компанија „Мегаспид“ (Megaspeed), која се најде во центарот на скандалот поврзан со американската технолошка компанија Енвидија, на црната листа на Министерството за трговија на САД, со цел да ја спречи да се стекнува со полупроводници и други технологии од американско потекло, објавува денес Semaphore повикувајќи се на извори.
На листата се уште шест други азиски компании.
Во документ поднесен до Федералниот регистар, Министерството за трговија укажа на „значителен ризик“ дека овие компании се вклучени, или би можеле да се вклучат, во пренасочување на напредни компјутерски производи кон неовластени крајни корисници или за неовластени намени.
Ова ставање на „црна листа“ се случува во момент кога Џенсен Хуанг се враќа на чело на Енвидија, откако претходно се повлече поради откритија за вонбрачни афери – вклучително и една со поранешната извршна директорка на „Мегаспид“, Алис Хуанг, која е предмет на истрага од страна на американските власти.
„Megaspeed International“ е компанија за „клауд“ (cloud) компјутерски услуги со седиште во Сингапур, која управува со податочни центри низ Југоисточна Азија.
Рестрикциите се однесуваат на сите производи што подлежат на американските Прописи за администрација на извозот (U.S. Export Administration Regulations), при што барањата за лиценци ќе се разгледуваат со „претпоставка за одбивање“.
На „црната листа“ се наоѓаат и „PT Megaspeed International“ и „MSFusion Sdn. Bhd.“ од Малезија, како и „Megaspeed (Thailand) Co., Ltd.“. Во документот се наведува дека „7Road International“ е алтернативно име (алијас) што го користат и сингапурскиот и тајландскиот огранок на „Megaspeed“.
Според заедничкото соопштение со Министерството за правда, Министерството за трговија во 2024 година започна истрага против „Меаспид“ поради можни прекршувања на контролата на извозот, откако преку мониторинг беше откриена сомнителна активност поврзана со можно пренасочување на полупроводници.
Во мај 2025 година, истражители од Министерството за трговија побараа документација од Енвидија во врска со директна или индиректна продажба кон „Мегаспид“. Според соопштението, следниот месец „Енвидија“ ја стави „Мегаспид“ на својата листа на субјекти на кои им е забранета продажба.
Американските власти, во соработка со органите за спроведување на законот од Сингапур, во јуни 2025 година извршија и теренска проверка на крајната употреба во „Мегаспид“ и спроведоа разговор со тогашната извршна директорка, Алис Хуанг. Подоцна, Министерството за правда го презеде водечкото место во кривичната истрага против компанијата.
Во меѓувреме, премиерот на Сингапур, Лоренс Вонг, во вторникот на прес-конференција во Канбера, Австралија, изјави дека истрагите за „Мегаспид“ се во тек и дека разговорите со американските власти продолжуваат.
-Не сакаме Сингапур да биде искористен и злоупотребен од компаниите како канал за заобиколување на американските контроли на извозот- рече Вонг.