🎥 СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ ПРЕЧЕКАНИ СО ТАНЦ НА РОБОТИ Нов Гинисов рекорд поставен со изведбата на 151 робот

313

Вкупно 151 хуманоиден робот изведе синхронизиран танц во Шенжен, Кина, вчера (17 ноември 2026 година) поставувајќи нов Гинисов светски рекорд. Спектаклот беше организиран како футуристички пречек за светските лидери пред 33 самит на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC), кој се одржува на 18 и 19 ноември.

Роботите, меѓу кои и модели на кинеската компанија EngineAI, танцуваа во совршена формација на централен градски плоштад пред насобраните граѓани, туристи и делегати. Перформансот ги демонстрираше кинеските достигнувања во вештачката интелигенција, контролата на движењата и координацијата на повеќе роботи без судири.






Покрај групниот танц, посетителите во центарот Galaxy Robotics 6S Base имаа можност да гледаат роботи кои демонстрираат боречки вештини и спарингуваат во метален кафез. На други локации низ градот и во медиумскиот центар, роботски раце и хуманоиди им служеа сладолед и кафе на гостите.

Како еден од главните технолошки центри во Кина, Шенжен го искористи самитот APEC 2026 за да ја прикаже својата индустрија за роботика и автоматизација пред лидерите на 21 економија, вклучувајќи ги Си Џинпинг, Доналд Трамп и Владимир Путин. Градот е дом на десетици илјади компании за роботика, а кинеските власти силно вложуваат во развојот на таканаречена „физичка вештачка интелигенција“ за секојдневна и индустриска примена.

Поврзани содржини