БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД ПОЛИЦИЈА ПОБЕГНАЛ ПРЕКУ ПРОЗОРЕЦ! Девојката се крие во шелтер-центар, се испитува дали некој му помогнал во бегството

Според пријавата и според сведоштвото на мајката на девојката, нејзината ќерка повеќе од една година била изложена на тепање, закани и психичко насилство од нејзниот партнер. Мајката тврди дека во еден од нападите осомничениот „ја давел девојката со голи раце“.

0

Mаж осомничен за физичко и психичко малтретирање на 21-годишна девојка успеал да избега низ отворен прозорец од полициска станица во Битола каде бил повикан и дошол по пријава за насиластво. Полицијата веднаш започнала потрага, а за утврдување на околностите на бегството е вклучена и внатрешната контрола на МВР.

Според пријавата и според сведоштвото на мајката на девојката, нејзината ќерка повеќе од една година била изложена на тепање, закани и психичко насилство од нејзниот партнер. Мајката тврди дека во еден од нападите осомничениот „ја давел девојката со голи раце“.






Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдуваат дека на 10 ноември, во 23 часот, 21-годишна битолчанка пријавила дека истиот ден околу 17 часот била физички нападната од својот партнер К.У. Според пријавата, тој подолг период физички и психички ја малтретирал и ѝ упатувал закани.

Во моментот на пријавувањето, осомничениот доброволно пристигнал во СВР Битола заедно со свој родител. Меѓутоа, како што велат од полицијата, додека полициските службеници преземале дејствија за негово лишување од слобода, тој успеал да избега низ отворен прозорец од службената просторија.

Полицијата веднаш започнала потрага, а за утврдување на околностите на бегството е вклучена и внатрешната контрола на МВР. Во меѓувреме, 21-годишната девојка е згрижена во шелтер-центар по проценка на Центарот за социјална работа.

Судското рочиште за изрекување заштитни мерки е одложено за 18 ноември поради неуредна достава и отсуство на пријавениот. Од Обвинителството информираат дека по добивањето на пријавата веднаш биле дадени насоки за постапување.

Според последните објавени информации, осомничениот сè уште се бара, а надлежните институции продолжуваат со преземање мерки.

Мајката на 21-годишната девојка, која го пријавила насилството, апелираше преку социјалните мрежи осомничениот насилник да биде пронајден и приведен, затоа што нејзиното семејство, како и нејзината ќерка, не се чувствуваат безбедно.

Поврзани содржини