СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД СРБИЈА! Павле Трајанов смета дека така може да се открие и вистината за атентатот врз Глигоров

Воедно, Трајанов вели дека е можно Хрватска и Словенија исто така да ги ги побараат своите досиеја од Србија и тоа да стане услов за патот на Белград кон Брисел.

0

Националниот координатор за борба против тероризмот Павле Трајанов, по промената на власта во соседна Србија, гледа можност за повторно иницирање за враќање на досијеата на УДБА.

Тој смета дека би требало од Белград повторно да се побараат информации за атентатот врз претседателот Киро Глигоров, бидејќи, како што вели, после убиството на поранешениот српски премиер Зоран Џинџиќ, лично тој иницирал да се побараат информации, но според неговите информации, српските власти тогаш не биле заинтересирани да споделат било какви податоци.






– Ова е добра можност, при промената на власт, бидејќи во суштина има континуитет на владеење во Србија долги години, да се покрене тоа прашање, не само за информациите за обидот за атентат на Киро Глигоров, туку во целина – посочи Трајанов во гостувањето на ТВ Сител.

Воедно, тој вели дека е можно Хрватска и Словенија исто така да ги бараат своите досиеја и тоа да биде услов за патот на Србија кон Брисел.

Во истото гостување на Сител, Трајанов се осврна и на руското влијание во регионот. Тој оцени дека Русија, преку војната во Украина, го засилува своето присуство и влијание на Балканот, но тврди дека македонската влада засега не е под влијание на Москва.

Трајанов зборуваше и за протестите во повеќе европски држави, оценувајќи дека не очекува нивно прелевање во Македонија. Според него, разликата е во тоа што во земјите зафатени од протестни бранови подолго време владееле исти политички структури, додека македонската влада неодамна ги презела функциите и има добиено голема поддршка.

Поврзани содржини