ДОКУМЕНТАРИСТ ОД МВР ИСПРАЌАЛ ЗАКАНУВАЧКИ ПОРАКИ ОД СЛУЖБЕНА АПЛИКАЦИЈА Доби кривична пријава и ќе биде суспендиран

Полицијата соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против В.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

3

На вработен во Единицата за внатрешни работи во Кисела Вода му се заканува суспензија откако тој изпратил порака со заканувачка содржина до лице од Скопје кое имало недоразбирање со неговиот син.

Полицијата соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против В.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.






Пријавениот е документарист во Отсек за статистика и документирање во ЕВР Кисела вода при СВР Скопје.

Тој, како што соопшти МБР, во март годинава преку мобилна апликација испратил пораки со заканувачка содржина на лице од Скопје поради претходно недоразбирање со неговиот син.

-Одделот за внатрешна контрола против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка – суспензија- наведуваат од МВР.

Поврзани содржини