📽️ НЕ ЗНАЕШЕ КАКО ДА ГО СОПРЕ ЈОКИЌ, ПОСЕГНА ПО ВАЛКАН ПОТЕГ Српскиот ас возврати со одлична партија

Кем Спенсер го удри Никола Јокиќ со лакт во меѓуножјето за време на натпреварот меѓу Мемфис и Денвер. Српскиот центар одговори со 27 поени и беше еден од најзаслужните за победата на својот тим.

0

Српскиот тениски ас Никола Јокиќ повторно се најде на удар на противнички кошаркар, овојпат на гостувањето на Денвер кај Мемфис во НБА-лигата. Кем Спенсер го удри српскиот центар со лакт во меѓуножјето, во обид да го спречи неговото движење без топка.

Јокиќ реагираше кон судиите, а кошаркарот на Мемфис беше казнет за неспортскиот потег.






Инцидентот се случи на натпреварот што Денвер го доби со 123:118. Спенсер по ударот падна на паркетот, оставајќи впечаток дека самиот бил фаулиран, но судиите го санкционираа неговото постапување, пренесува српскиот „Мондо“.

Јокиќ не дозволи инцидентот да го исфрли од ритамот. Натпреварот го заврши со 27 поени, 11 скока и осум асистенции, останувајќи на само две асистенции од нов трипл-дабл.

Денвер имаше и 18 поени предност во текот на натпреварот, но Мемфис успеа да ја врати неизвесноста во завршницата.

 

Џамал Мареј беше најефикасен кај победниците со 30 поени и осум асистенции. Особено се истакна во последната четвртина, кога постигна 17 поени.

Камерон Џонсон додаде 23 поени, вклучувајќи важна тројка по асистенција на Јокиќ, со која Денвер стигна до предност од 120:113 на нешто повеќе од една минута пред крајот.

Сличен инцидент се случи и на 27 февруари годинава, на натпреварот меѓу Денвер и Оклахома Сити. Тогаш Лу Дорт намерно му го попречи движењето на Јокиќ и го сопна додека српскиот центар трчаше кон спротивната половина. Јокиќ бурно реагираше, по што дојде до турканица меѓу кошаркарите на двата тима.

Судиите го исклучија Дорт поради неспортска лична грешка од втор степен. Во официјалното образложение на НБА беше наведено дека неговиот потег бил непотребен, прекумерно груб и со висок ризик од повреда. Јокиќ и Џејлин Вилијамс добија технички грешки поради меѓусебната пресметка.џ

Поврзани содржини