📽️МРМЕ СЕ ПОТСЕТИ НА НОЌТА КОГА МАКЕДОНИЈА ИСПИША ИСТОРИЈА Шест години од денот кога сонот стана реалност
нешниот селектор Игор Ангеловски се потсети на историската победа над Грузија, со која Македонија обезбеди прв пласман на Европско првенство. Шест години подоцна, тој им се заблагодари на фудбалерите, стручниот штаб и на сите што верувале во оваа генерација.
Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски – Мрме се потсети на 12 ноември 2020 година, кога Македонија со победата од 1:0 над Грузија во Тбилиси испиша фудбалска историја.
Ангеловски, кој сега е селектор на Таџикистан, објави и фотографија од прославата во Тбилиси, со македонското знаме во рацете.
„12.11.2020 — Ден кога сонот стана реалност!“, напиша Мрме.
Екс-селекторот вели дека е горд на секој еден фудбалер, на стручниот штаб, на медицинскиот тим и на сите што верувале во оваа генерација фудбалери од првиот ден.
„Покажавме дека со срце, единство и верба во себе, ниту една цел не е недостижна. Благодарност до цела Македонија за поддршката и емоциите што ќе ги паметиме цел живот“, додава Ангеловски.
Историскиот натпревар на стадионот „Борис Паичадзе“ во Тбилисис се одржа без публика поради ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирусот. Пресуден беше голот на капитенот Горан Пандев во 56. минута, по одлична тимска акција во која учествуваа и Елиф Елмас и Илија Несторовски.
Натпреварот беше финале на баражот за пласман на Европското првенство 2020, кое поради пандемијата беше одложено за летото 2021 година.
На Европското првенство во 2021 година репрезентацијата настапи во група со Австрија, Украина и Холандија. Иако ги загуби трите натпревари, генерацијата предводена од Ангеловски и Пандев остана запаметена по историскиот успех.