ЕТАПНО ЌЕ СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ ДО 40% Јавниот обвинител Савески вели дека тоа ќе го намали ризикот од корупција во фелата
Платите на вработените во обвинителството би можеле да се зголемат до 40 проценти, но покачувањето ќе се реализира етапно, најави државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Според Савески, зголемувањето нема да биде еднократно, туку ќе се спроведува постепено, со цел во одреден период платите да достигнат до 40 проценти повисоко ниво од сегашните примања.
Државниот јавен обвинител оценува дека подобрувањето на финансиските услови е значаен чекор кон поголема мотивација и професионалност кај вработените, но и кон намалување на ризикот од корупција.