СОПРУГАТА НА ПИРС БРОСНАН НАВОДНО ОСЛАБЕЛА 45 КИЛОГРАМИ Кели Шеј Смит покажа повитка фигура на нова семејна фотографија

Кели Шеј Смит привлече внимание со својата фигура во виолетов сатенски фустан на семејната прослава на 82. роденден на нејзината мајка. До неа беа сопругот Пирс Броснан и нивните синови Дилан и Парис.

126

Сопругата на актерот Пирс Броснан, Кели Шеј Смит, сподели семејна фотографија од прославата на 82. роденден на нејзината мајка Шерон Роуз. На фотографијата семејството позира околу роденденската торта, а вниманието го привлече и изгледот на 63-годишната Кели.

Таа носи виолетов сатенски фустан, а на фотографијата се и нејзиниот сопруг, 73-годишниот Пирс Броснан, и нивните синови Дилан и Парис.






– Придружете ми се во честитките за среќен 82. роденден на мојата сакана мајка Шерон Роуз – напиша Кели покрај фотографијата.

Нејзиниот изглед повторно привлече внимание поради забележливата промена во фигурата во последните години. Сепак, таа јавно не открила детали за евентуално слабеење, па причината за промената останува непозната.

Кили и Пирс се запознале во 1994 година, а се венчале во август 2001 година во Ирска. Оваа година прославија 25 години брак. Нивните синови Дилан и Парис имаат 29 и 25 години.

Пирс Броснан во минатото јавно застануваше во одбрана на сопругата кога таа беше мета на коментари за изгледот. Актерот истакнуваше дека ја сака и дека за него таа е најубавата жена.

Поврзани содржини