📽️ АКТЕРИТЕ ВО БЕЛГРАД ЈА ПРЕКИНАА ПРЕТСТАВАТА ПО ПОБЕДАТА НА СТУДЕНТИТЕ „Луѓе, готово е!“

Актерите во белградскиот театар „Атеље 212“ ја прекинаа претставата „Ода на радоста“ кога дознаа за победата на студентската листа на изборите во Србија.

176

Актерите во белградскиот театар „Атеље 212“ ја прекинаа претставата „Ода на радоста“ откако дознаа за победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија. Од сцената одекна „Луѓе, готово е!“, а актерите и публиката почнаа да слават.

Снимката од емотивниот момент на Инстаграм ја објави актерката Тамара Драгичевиќ, која откри дека веста за изборниот резултат ја затекнала екипата среде изведбата.






– Ова е моментот за време на претставата кога дознавме дека победивме. Едвај останавме на нозе – напиша таа покрај видеото.

Драгичевиќ додаде дека актерите таа вечер морале да настапуваат, но дека претставата се претворила во голема прослава. Насловот „Ода на радоста“ добил посебно значење во моментот кога ја дознале веста.

Според прелиминарните резултати објавени од српските медиуми, студентската листа „Студентите победуваат“ освоила 52,65%, а листата „Обединета Србија“ предводена од Александар Вучиќ, добила 39,22% од гласовите.

Вучиќ го призна поразот во обраќањето до јавноста, а во Белград и други градови граѓаните излегоа на улиците за да ја прослават победата на студентската листа.

Поврзани содржини