ЕНЕРГЕТСКИОТ ПАЗАР НЕМА ДА ЗАКРЕПНЕ И ВО 2027 ГОДИНА Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува на последиците од војната во Иран

Според директорот на Меѓународната агенција за енергија, енергетската безбедност мора да стане приоритет број еден и за владите и за деловниот свет, а сите страни мора да бидат подготвени за економските и логистичките предизвици што ги носи сегашната криза.

26

Директорот на Меѓународната агенција за енергија (МАЕ) Фатих Бирол денес изјави дека не очекува енергетските пазари во 2027 година да се вратат во состојбата во која беа пред војната меѓу САД и Израел против Иран, која започна на крајот на февруари.

– Се плашам дека не гледам никаков реален пат по кој пазарите би можеле да се вратат, веќе следната година, на нивото на кое беа пред почетокот на оваа војна – рече Бирол на конференцијата „Меѓународна недела на енергија“ во Сингапур.






Според него, енергетската безбедност мора да стане приоритет број еден и за владите и за деловниот свет, а сите страни мора да бидат подготвени за економските и логистичките предизвици што ги носи сегашната криза.

-Но, не смееме да заборавиме што носи следното поглавје за земјите и компаниите присутни тука денес – рече тој.

Конфликтот во Иран доведе до ненадејно заострување на ситуацијата на пазарот, за кој инаку се предвидуваше дека ќе биде во суфицит оваа година, значително нарушувајќи ги глобалните енергетски текови и предизвикувајќи пораст на цената на референтните видови нафта, како и нафтените деривати.

Поврзани содржини