ТРАКТОРСКИ МЕХАНИЗАМ ЈА ПОВЛЕКОЛ ЖЕНАТА ВО НИВА Тешко повредена 46-годишна жена од Сенокос

46-годишна жена од прилепското село Сенокос се здобила со тешки телесни повреди додека собирала црева од систем за наводнување капка по капка во нива, соопшти МВР.

98

Несреќата се случила вчера околу 15:10 часот, на местото викано „Рибник“, во атарот на Сенокос. Жената и нејзиниот сопруг С.И. ги собирале цревата со помош на самоизработен механизам приклучен на трактор.

Во еден момент, механизмот ја повлекол жената, при што таа се здобила со тешки телесни повреди. Била пренесена во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош.






Полициска екипа од ОВР Прилеп извршила увид на местото, а полицијата работи на расчистување на случајот.

 

Поврзани содржини