ВОЗАЧ УСМРТИ МЕЧКА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО Налетал на животното со своето „волво“

Ветеринар од Зоолошката градина Скопје констатирал смрт кај животното. 

694

Ноќеска возач од Тетово усмрти мечка, откако со својот автомобил налетал на неа на автопатот Скопје-Тетово.

Според извештајот на полицијата возачот Џ.Д. со  автомобил „волво” со гостиварски регистарски ознаки, налетал на мечката.






Ветеринар од Зоолошката градина Скопје констатирал смрт кај животното.

Нема информација дали од ударот бил повреден возачот и за направената штета на автомобилот.

Каков крај ќе има овој судир веројатно ќе одлучи судот бидејќи мечките во земјава се заштитени со закон.

Поврзани содржини