ЗА ДВЕ ГОДИНИ ПОТПИШАНИ СЕ КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ СО СИТЕ ИНСТИТУЦИИ, ОБЕЗБЕДЕН Е РАСТ ОД 3% И НИСКА ИНФЛАЦИЈА Владејачката ВМРО-ДПМНЕ одговори на тврдењето на Филипче за лоша состојба во економијата
Од партијата велат дека политиката на СДСМ и лидерот Венко Филипче изминативе 2 години се темели на неколку постулати, а тие се лаги, манипулации, ширење на паника и хистерија.
Направивме колективни договори во 99% од јавните институции, сите јавни службеници годишно ќе добиваат повисоки плати, односно реален раст на платите, затоа што инфлацијата во Македонија е најниска во регионот. Имаме раст на БДП осум квартали по ред над 3%, последниот раст за вториот квартал беше 4,2% што значи дека успешно ги водиме економските политики, и затоа на СДСМ им е криво, бидејќи тие не знаат како да водат држава, а не да не ја ограбат и опустошат, реагира ВМРО-ДПМНЕ на тврдењето на СДСМ дека економската состојба во земјава е лоша.
Од партијата велат дека политиката на СДСМ и лидерот Венко Филипче изминативе 2 години се темели на неколку постулати, а тие се лаги, манипулации, ширење на паника и хистерија, создавање на хаос и секако, посакување да и се случи нешто лошо на Македонија, па тие да можат да го искористат за некаков ситен политички поен, кој не им го дава посакуваниот ефект, туку напротив, тонат се повеќе и стануваат полека но сигурно, маргинална партија.
-СДСМ и Филипче до пред само 2 години беа на власт во Македонија – 7 години. Зоран Заев, Димитар Ковачевски и Филипче ја уништија, посрамотија, потценија и потчинија државата на секаков можен начин.Во делот на економијата, „експертите” од СДС во 2024 година, кога ја напуштија Владата, ја оставија државата без пари, односно, Буџетот за 2024 година им беше испланиран точно до јуни месец, затоа што и самите знаеја дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, па не ги интересираше како граѓаните и Владата понатаму ќе се справуваат со празната државна каса.Неколку месеци вработени во Пошта, АД Водостопанство и Национални шуми не земаа плата. Земјоделците од 2021 година немаа земено субвенции и нивните продукти завршуваа на буниште. Платите растеа за 5% додека инфлацијата беше 15%, а пензиите расте за 180 денари годишно. Цената за струјата во нивниот мандат се зголеми за 50%. Јавниот долг отиде над 60%, или околу 9 милијарди евра, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да враќа долгови на владата на СДС, секоја година до 2031 година, ќе враќаме над милијарда евра долгови наследени – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.