ОКТА ДАДЕ ПОПУСТ ОД 2 ДЕНАРA ПО ЛИТАР ДИЗЕЛ Вкупната поддршка од компанијата за домашниот пазар изнесува околу 8 милиони евра
Попустот ќе се применува на продажбата на дизел гориво што ОКТА го испорачува на трговците со горива на големо и мало. Учесниците на пазарот и понатаму самостојно ќе ги утврдуваат конечните малопродажни цени, во согласност со своите комерцијални политики и актуелните пазарни услови.
ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска до 2 ноември 2026 година, информираат од компанијата.
Компанијата вели дека одлуката е одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива.
Попустот ќе се применува на продажбата на дизел гориво што ОКТА го испорачува на трговците со горива на големо и мало. Учесниците на пазарот и понатаму самостојно ќе ги утврдуваат конечните малопродажни цени, во согласност со своите комерцијални политики и актуелните пазарни услови.
„Оваа иницијатива е дел од серијата таргетирани мерки за поддршка кои ОКТА ги спроведува од март 2026 година, со цел да придонесе кон ублажување на влијанието на нестабилноста на меѓународните пазари и за поддршка на стабилноста и конкурентноста на домашниот пазар на горива“, велат од компанијата.
Со најновата иницијатива, вкупната вредност на досегашната поддршка, која ОКТА ја обезбедува за домашниот пазар од март 2026 година, се очекува да достигне приближно 8 милиони евра.
Со тоа компанијата ја продолжува иницијативата за поддршка на пазарот со попуст за литар гориво.