📽️ БЕЛА ХАДИД ЈА ОТВОРИ РЕВИЈАТА НА „ВИКТОРИЈА СИКРЕТ“ СО ЦВЕТНИ КРИЛЈА Кајли Џенер дебитираше на спектаклот со градник од 50 милиони долари

Најочекуваната ревија на долна облека на брендот „Викторија сикрет“ се одржа во недела (18.октомври) во Лос Анџелес и собра бројни познати имиња од модната, но и од инфлуенсерската сцена.

107

Бела Хадид повторно ги рашири крилјата на модната писта и ја отвори годинешната ревија на „Викторија сикрет“, одржана вчера, 18.октомври (недела) во Лос Анџелес. Манекенката привлече внимание со комбинација инспирирана од пролетта, составена од градник украсен со цветни детали, проѕирно мини здолниште во светлозелена боја и големи крилја декорирани со разнобојни цветови и светкави елементи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by retro (@retroscinema)






Комбинацијата беше надополнета со зелени високи потпетици, пуштена руса коса и бронзен тен. Во текот на ревијата се појави и во втор стајлинг – бел мини фустан со набори и соодветни крилја, со кои изгледаше како ангел. Нејзиното појавување беше едно од највпечатливите на модниот спектакл, чија тема оваа година беше инспирирана од четирите годишни времиња.

Се врати на пистата по здравствените проблеми

Настапот доаѓа во период кога Хадид постепено се враќа на модните ангажмани по паузата поврзана со нејзината борба со лајмската болест. Во септември 2025 година, манекенката повторно беше хоспитализирана поради здравствените проблеми, а нејзиното појавување на минатогодишната ревија предизвика загриженост кај обожавателите.

Тогаш некои гледачи забележаа дека изгледа како да се мачи додека чекори со големите крилја. Бела подоцна објасни дека тие тежеле приближно 23 килограми. Така ги отфрли шпекулациите дека нејзиното одење било последица на влошената здравствена состојба.

Манекенката на почетокот на октомври го прослави и својот 30. роденден. Нејзиното враќање на пистата е дел од постепеното продолжување на професионалните активности, по периодот во кој здравјето ѝ беше приоритет.

На ревијата прошета и нејзината постара сестра Џиџи Хадид и двете сестри повторно беа меѓу најзабележителните имиња на спектаклот, заедно со долгогодишните ѕвезди на брендот Адријана Лима и Алесандра Амбросио.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by retro (@retroscinema)

Големо изненадување беше и Кајли Џенер, која за првпат прошета на ревијата на „Викторија сикрет“. Таа го носеше легендарниот „Фантази бра“, чија вредност беше проценета на неверојатни 50 милиони долари. Градникот е украсен со 4.410 природни дијаманти, меѓу кои и жолт дијамант од 75,54 карати. Во публиката ја поддржуваа нејзината мајка Крис Џенер и партнерот Тимоти Шаламе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by art8amby (@art8amby)

Ревијата се врати во Лос Анџелес по речиси две децении

Овогодишниот спектакл се одржа во студијата „Сони“ во Калвер Сити, во поширокото подрачје на Лос Анџелес. Ревијата беше организирана на темата на четирите годишни времиња, со посебни сегменти инспирирани од пролетта, летото, есента и зимата, како и дел посветен на младинската линија „Пинк“.

Музичкиот дел го одбележаа настапите на Меган Морони, Тејт Мекреј, групата КАТСАЈ и Меган ди Сталион. Секоја од изведувачките настапи во стајлинг усогласен со темата на ревијата.

Со враќањето на препознатливите крилја, раскошните костими и познатите манекенки, „Викторија сикрет“ повторно приреди спектакл што привлече внимание ширум светот.

Поврзани содржини