ЌЕ СЕ КРОИ ЛИ РЕШЕНИЕ ЗА УКРАИНА БЕЗ ЗЕЛЕНСКИ НА МАСА? Путин иницира самит со Трамп и Џинпинг

Американскиот претседател Трамп го објасни својот пристап кон војната во Украина, потенцирајќи дека не сака да ја оддалечи Русија од преговарачката маса.

0

Рускиот претседател Владимир Путин предложил одржување самит идниот месец со американскиот претседател Доналд Трамп и со кинескиот лидер Си Џинпинг во обид да се преговара за прекин на четиригодишната војна во Украина под услови што би биле во прилог на Москва, објави Волстрит џурнал.

Повикувајќи се на поранешен руски разузнавач, весникот објави дека Путин тој предлог го изнел во телефонскиот разговор со Трамп на 9 октомври. Притоа бил постигнат и договорот според кој САД ќе купуваат руски дизел и ќе ја олеснат неговата продажба на глобалните пазари.






Трамп вчера го објасни својот пристап кон војната во Украина, потенцирајќи дека не сака да ја оддалечи Русија од преговарачката маса.

НА ЗЕЛЕНСКИ НЕ МУ Е ГРИЖА ШТО ПУТИН ПОМАГА Трамп го брани Путин, Зеленски предупредува на „историска грешка“

Поврзани содржини