ОДЗИВОТ ВО БРВЕНИЦА 44,57 ОТСТО, ГЛАСАЛЕ 7.241 ИЗБРИРАЧИ Мирен изборен ден со непречено гласање
Во споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0,76 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
Државната изборна комисија (ДИК) информира дека според пресекот направен во 18:30 часот и пристигнатите податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас на локалните избори во Општина Брвеница изнесува 7.241 или 44,57 отсто.
Во споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0,76 отсто.
Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18 часот се пристигнати 10 приговори, од кои 4 приговори се усвоени, додека 6 се одбиени како неосновани.
Гласачките места се затворени во 19 часот.
Според ДИК, гласањето се одвиваше непречено.
Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.
Жителите на Општина Брвеница денеска избираат градоначалник на предвремените локални избори, распишани по смртта на дотогашниот градоначалник Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни годинава.
Во Избирачкиот список се запишани вкупно 16.256 избирачи од десетте населени места во општината, од кои 449 се на привремена работа во странство, а девет лица се евидентирани во затвор или притвор.
За градоначалничката функција се кандитирани шест кандидати. Стојанчо Радически е кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Радески е кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, Јакуп Усеини настапува како кандидат на коалицијата ВРЕДИ, Аркин Јахији е кандидат на Националната алијанса за интеграција (НАИ), а во трката се и независните кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи.
Во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список.