🎥 ПАЛЕЖИ И ГРАБЕЖИ ВО МИЛАНО, ИСТО КАКО ВО ПАРИЗ Мелони изрази солидарност со полцијата

Членовите на силите на редот повторно се соочија со насилството на криминалците кои ги злоупотребуваат демонстрациите за да предизвикаат конфликти и да сеат хаос, објави италијанската премиерка Џорџа Мелони.

131

Италијанската премиерка Џорџа Мелони по судирите за време на протестите вчера на улиците на Милано, денеска изрази солидарност со силите на законот и редот.

„Членовите на силите на редот повторно се соочија со насилството на криминалците кои, дури и преку организирани групи, ги злоупотребуваат демонстрациите за да предизвикаат конфликти и да сеат хаос“, напиша Мелони на социјалните мрежи.






Таа изрази целосна солидарност и искрена благодарност до силите на законот и редот, додавајќи дека тие се таму за да ги заштитат граѓаните, работниците, сопствениците на продавници и сите оние кои имаат право да живеат во својот град без страв и без да гледаат како го уништуваат групи насилници.

Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изрази голема загриженост по синоќешните нереди.

Илјадници граѓани излегоа вчера на улиците на повеќе италијански градови во знак на протест против високите трошоци за живот, но демонстрациите прераснаа во насилни судири со полицијата.

Најдраматично беше во Милано, каде што групи демонстранти поставуваа барикади и напаѓаа полициски возила, а немири избувнаа и во Болоња и во Торино.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by milanobelladadio (@milanobelladadio)

Поврзани содржини