БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР СЕ СОМНЕВА ДЕКА МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАСТИ НЕ ЗНАЕЛЕ ЗА БЕГСТВОТО НА МИХАИЛОВА Бугарија не знаела однапред, тврди тој

Радуков рече дека Михаилова била на стоп-листа, со одземени пасоши и под полициски надзор. Според него, пред нејзиниот дом имало патрола, а цивилни полицајци ја следеле кога излегувала. Таа му кажувала и за дронови над куќата во ноќните часови.

205

Бугарскиот амбасадор во Македонија Жељазко Радуков се сомнева дека македонските власти не знаеле дека Ива Михаилова ќе ја напушти Македонија.

– Тоа не можам да го тврдам, но би бил исклучително изненаден ако не било координирано – рече Радуков во интервју за бугарската бТВ.






Радуков рече дека Михаилова била на стоп-листа, со одземени пасоши и под полициски надзор. Според него, пред нејзиниот дом имало патрола, а цивилни полицајци ја следеле кога излегувала. Таа му кажувала и за дронови над куќата во ноќните часови.

– И одеднаш сето тоа на некаков начин исчезнува и таа ја преминува границата? Ве молам – изјави Радуков.

Радуков негираше дека тој или бугарската држава однапред знаеле за заминувањето на Михаилова во Бугарија. Амбасадата, според него, дознала од медиумите, додека очекувала продолжување на судската постапка што се води ротив неа за сообраќајната несреча и разгледување на можностите за лекување со учество на бугарски лекари.

Тој наведе дека биле обезбедени адвокатска помош и средства за вештачења.

Рече дека не го поддржува заминувањето, иако ја разбира очајната состојба на Михајлова.

Амбасадорот повторно обвини за различен третман поради нејзината бугарска припадност. Според него, расправата за преминувањето на границата го потиснала прашањето зошто не ѝ било дозволено лекување во странство.

Поврзани содржини