ВМРО-ДПМНЕ БАРА ИСТРАГА Д-р Барбов покажа дека работи за криминалното дуо Заев-Филипче
Доктор Иван Барбов призна дека добивал повици за пациенти од Заев, а дали можеби сега, за случајот со Ива, добил и од Филипче? Барбов потврди дека продавал магла за случајот со Ива Михаилова, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Дали има нешто во кое не се вмешани Зоран Заев и Венко Филипче, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
„За случајот со Ива Михаилова, доктор Иван Барбов призна дека добивал повици за пациенти од Заев, а дали можеби сега, за случајот со Ива, добил и од Филипче? Барбов потврди дека продавал магла за случајот со Ива Михаилова. И потврди дека е уште еден медицински профитер од мозаикот на криминалното дуо Заев-Филипче“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, за Иван Барбов малку повеќе, се додава во соопштението.
„Стејт департментот на САД смета дека е контроверзно лице, а е и осуден во случај поврзан со злоупотреби за остварување право на инвалидски пензии. Невозможно е некој да ги потцени во нивните контроверзни шеми, оти веднаш ќе се спротивстават и ќе излезе нешто во јавноста за нив и лица како Барбов, поврзани со нив, никнуваат од сите страни. Надлежните органи треба детално да го истражат случајот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.