🎥 ЖЕНА ВЛЕТА СО ПИКАП НА ДЕТСКИ НАТПРЕВАР, ЗАГИНАА ДЕТЕ И МАЖ, 10 ПОВРЕДЕНИ Полицијата во Канзас истражува дали е напад или несреќа

Меѓу повредените има две деца на возраст од 5 години, две 8-годишни, едно 9-годишно дете и 5 возрасни лица, соопшти полицијата.

147

Пикап влета во детски фудбалски натпревар во Вичита, Канзас, при што загинаа 6-годишно момче и 35-годишен маж, а 10 повредени лица се префрлени во болница, соопшти полицијата.

– Повредите се од полесни до сериозни, но ниту една не изгледа опасна по живот. Двете лица кои беа убиени беа прогласени за мртви на местото на настанот – изјави капетанот на полицијата во Вичита, Арон Мозес.






Мозес рече дека пикапот го управувала 34-годишна жена и завршил на тревното поле на западната страна од спортскиот комплекс Страјкер.

Жената соработува со истражителите, рече тој, а на прашањето дали е уапсена, рекол дека е во полициски притвор.

– Знаеме што се случи, но работиме напорно за да откриеме зошто се случило и сè уште немаме одговори – рече началникот на полицијата во Вичита, Џо Саливан.

Меѓу повредените има две деца на возраст од 5 години, две 8-годишни, едно 9-годишно дете и 5 возрасни лица, соопшти полицијата.

Покрај 10-те лица, едно возрасно лице е хоспитализирано поради нетрауматски здравствени проблеми.

– Возачот на пикапот имал и дете кое играло фудбал во спортскиот комплекс, но не на теренот каде што се случила несреќата. Двајца малолетници биле исто така во пикапот – рече Мозес.

Денес во Вичита има многу тага, рече градоначалничката Лили Ву.

– Семејствата дојдоа во спортскиот комплекс Страјкер за да го поминат саботното попладне гледајќи ги своите деца како играат фудбал. Никој не можеше да ја замисли трагедијата што ќе следи – рече таа.

Поврзани содржини