СОПРУГАТА ГО ПРИЈАВИЛА ЗА НАСИЛСТВО, МУ НАШЛЕ МУНИЦИЈА Во Групчин приведен 45-годишник

Сопругата пријавила дека била физички повредена и дека сопругот ѝ ја загрозил сигурноста. При претресот во неговиот дом полицијата пронашла три празни рамки за автоматска пушка и два куршуми.

111

Пријава за семејно насилство довела до полициски претрес во тетовското село Групчин, при што биле пронајдени делови од оружје и муниција. Приведен е 45-годишниот М.Д., против кого е поднесен извештај до обвинителството и за кривично дело поврзано со недозволено оружје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Неговата сопруга вчера, во 19.30 часот, пријавила во СВР Тетово дека била жртва на семејно насилство, при што се здобила со телесна повреда. Таа го пријавила сопругот и за загрозување на нејзината сигурност.






По добиена наредба од Основниот суд Тетово, полицијата извршила претрес во домот на осомничениот, од 21.30 до 22.30 часот.

„На скалите од влезната врата се пронајдени три празни рамки за автоматска пушка и два куршуми со непознат калибар, кои се одземени“, информира МВР.

По претресот, М.Д. бил лишен од слобода и задржан во СВР Тетово.

До Основното јавно обвинителство Тетово е доставен извештај со правна квалификација „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“, според член 396 од Кривичниот законик.

Поврзани содржини